MKinformer

your daily dose of news

Коалицијата ВРЕДИ: Во октомври победуваме насекаде!

27/04/2025 9:47

Коалицијата ВРЕДИ со силна порака до јавноста пред претстојните локални избори во октомври, објави дека „времето на корупција, манипулации и уништени надежи заврши“, најавувајќи победа во сите албански општини.

„По 20 години во кои крадеа, лажеле и ја уништувале секоја албанска надеж, истите тие сега, без срам, бараат уште една шанса од граѓаните“, се вели во соопштението на ВРЕДИ.

Коалицијата остро ја критикува ДУИ, обвинувајќи ја дека ги претворила институциите во партиски експозитури, ги маргинализирала интелектуалците и ги злоупотребувала правата на Албанците за теснопартиски интереси.

„ВЛЕН е одговорот на Албанците на оваа излитена и компромитирана политика. ВЛЕН е тука да ја донесе промената што народот гласно ја бара и нема да запре сè додека секој Албанец не се почувствува слободен, рамноправен и достоинствен во својата земја“, порачаа од коалицијата.

Со самоуверен тон, од ВРЕДИ порачуваат дека на локалните избори оваа есен ќе забележат победа во сите албански општини, најавувајќи нова ера на транспарентност и одговорност: „ВЛЕН со чисти раце и чисто лице ќе влезе во секоја институција. Времето на ДУИ заврши – започна ветерот на промените, и никој не може да го запре! ВЛЕН победува – Албанците победуваат!“

error: Содржината е заштитена од копирање !!