MKinformer

your daily dose of news

Почина професорот Миле Димитровски, доајен на научната мисла во македонското машинство

28/04/2025 19:26

На 74-годишна возраст почина проф.-д-р Миле Димитровски, доајен на научната во машинството во Македонија.

Професорот Димитровски беше активен во општествениот живот во земјата и по пензионирањето од Машинскиот факултет, каде остави неизбришлива трага едуцирајќи генерации машински инженери. Неговите експертски гледишта изразени за македонските медиуми беа многу важни за сеопфатното согледување на темите кои му беа професионална определба.

Професорот беше раководител на Лабораторијата за мотори на факултетот и автор на многу научни и стручни трудови и книги. Димитровски е и основач и долгогодишен претседател на Комората на овластени инженери на Македонија.

Неговиот погреб ќе се одржи на 30 април на гробиштата Бутел, во Скопје.

error: Содржината е заштитена од копирање !!