Левица ги покани мајките на загинатите деца во Кочани во собрание
29/04/2025 9:52
Пратеникот и Лидер на Левица, Димитар Апасиев преку социјалните мрежи, ги поканува мајките на загинатите деца во несреќата во Кочани, да ја следат во живо седницата во собраието за интерпелација на Министерот за внатрешни работи, Панче тошковски.
„Согласно Деловникот на Собранието, граѓанин може непосредно да ја следи пленарната седница од Галеријата. Зошто денес да не ги пуштиме МАЈКИТЕ на загинатите деца од Кочани кои протестираат во Скопје, во живо да ја следат интерпелацијата на министерот за внатрешни работи (кој го посочуваат за селективна истрага)?“, напиша на Фејсбук, Димитар Апасиев.





