MKinformer

your daily dose of news

Први политички консултации на МНР на Македонија и Азербејџан

01/05/2025 20:26

Во Баку се одржаа првите политички консултации меѓу министерствата за надворешни работи на Македонија и Азербејџан, предводени од заменик-министрите Зоран Димитровски и Фариз Рзајев. Разговорите беа насочени кон унапредување на билатералните односи, особено во економијата, трговијата и енергетиката. Македонија повторно го изрази интересот за приклучување кон ТАП гасоводот.

Во соопштението се истакнува дека засилените контакти меѓу двете земји доведоа до потпишување на договор за укинување на визите за дипломатски и службени патни исправи. Средбата беше оценета како важен чекор кон продлабочување на соработката. Димитровски оствари и средба со министерот за надворешни работи на Азербејџан, Џејхун Бајрамов.

error: Содржината е заштитена од копирање !!