MKinformer

your daily dose of news

РЕЧИСИ 20 ПРОЦЕНТИ ПОМАЛКУ ДЕЦА ВО ИЗМИНАТАТА ДЕЦИНИЈА

05/05/2025 16:30

Македонија се соочува со значителни демографски предизвици – за речиси 20 проценти се намалила детската популација во изминатата деценија, односно во периодот од 2011 до 2023-та.

Според последната анализа на УНИЦЕФ за состојбата со децата и адолесцентите во земјата споредбено со европскиот просек ниски се и јавните инвестиции во клучни сектори за децата како образованието, здравсвтото и социјалните услуги.

На денешната презентација на анализата пред пратениците во Собранието, Силвија Кјаручи од УНИЦЕФ истакна дека земјава има и висока стапка на детска сиромаштија, особено кај ромската популација каде 79% од децата живеат во домакинства изложени на ризик од сиромаштија.

Според спикерот Африм Гаши потребно е да се посвети особено внимание на ромската заедница во периодот кој следи. Тој најави формирање на интепарламентарна група за правата на Ромите во Македонија, нагласувајки дека е потребен сеопфатен пристап и од останатите засегнати институции.

Душан Томшиќ од комисијата за спречување и заштита од дискриминација пак ја истакна потребата од промени на дуповите во 17 општини каде живее ромската заедница.

Дополнително, анализата покажува и дека додека популацијата се намалува, бројот на наставници се зголемува. 80% од расходите во образованието се трошат за плати, наместо на подобрување на училишните услови. Дополнително 1 од 5 адолесценти во училиштата пријавиле дека претрпеле булинг.

Од УНИЦЕФ препорачуваат земјата да ги следи дадените препораки од Комитетот за права на децата од 2022 година, нагласувајки ја улогата на Собранието и Владата во нивната примена.

error: Содржината е заштитена од копирање !!