MKinformer

your daily dose of news

На Македонија летово ќе ѝ фалат 15 илјади работници

13/05/2025 10:11

И ова лето многу млади заминаа на сезонска работа во соседните земји. Најмногу се одлучуваат за Хрватска, бидејќи таму платите се повисоки, а и условите се подобри. Освен Хрватска, популарни дестинации се и Црна Гора, Албанија, Грција и Бугарија. Платите за сезонска работа во овие држави почнуваат од 1.000 евра, што е повеќе од двојно од просекот во Македонија. Дополнително, работата покрај море им е привлечна на младите бидејќи можат да ја комбинираат со летен одмор.

Се проценува дека поради заминувањето на сезонски работници во странство, Македонија ќе се соочи со недостиг од околу 15.000 работници. За да се надомести овој недостиг, ќе се увезуваат работници од земји како Непал, Бангладеш и Пакистан, каде платите се значително пониски.

Од агенциите за посредување при вработување во странство велат дека трендот на заминување на сезонска работа на море, особено кај младите кои работат во угостителството, продолжува. И оваа година, од крајот на март до крајот на октомври, околу 15.000 Македонци ќе работат привремено во Хрватска, најмногу во угостителството, но и во други услужни дејности. За жал, се очекува овој тренд да продолжи и во наредните години, сè додека платите во Македонија не се изедначат со оние во соседството.

error: Содржината е заштитена од копирање !!