MKinformer

your daily dose of news

ОСТАВКАТА НА ТАРАВИРИ ПРИСТИГНА ВО САНДАЧЕТО НА ПРЕМИЕРОТ ВО ВЛАДА

15/05/2025 18:31

Оставката на Арбен Таравари од министерската позиција во Здравство, доцна попладнето пристигна во сандачето на претседателот на Владата.

Лидерот на крилото на Алијанса се заблагодари за довербата да го води здравствениот систем. Околу одлуката за оставка, напиша дека ја донел по внимателна лична и професионална проценка.

„Oвој чекор е во најдобар интерес и за институцијата и за моите лични принципи. Ви благодарам за довербата и можноста да бидам дел од Владата во еден исклучително значаен период за здравствениот систем. Останувам отворен за соработка и поддршка во иднина, секогаш водејќи се од јавниот интерес“, вели Арбен Таравари, министер за здравство во оставка. 

error: Содржината е заштитена од копирање !!