Туристичка презентација на Општина Голубац Р. Србија
16/05/2025 10:35
Во организација на Туристичката организација Голубац, од Р. Србија, Општина Голубац и Манастирот Тумане, во Скопје беше презентиран нивниот туристички бисер – Општина Голубац Град Тврдина.
Марко Стојаковиќ заменик градоначалник на Општина Голубац прво ја презентираше, како што самиот кажа, личната карта на Голубац, а потоа информираше за сработените проекти како и идните планови на Општината.

Потоа збор зема директорката на Туристичката организација Голубац Жељка Миленковиќ која истакна дека целта на туристичката организација е на најдобар можен начин да ја презентира туристичката и рекреативната понуда и историските споменици на Голубац и околината, како и да го претставува регионот на сите домашни и меѓународни настани.

На крајот се обрати Архимадрит Димитрие од манастирот Тумане кој потецираше дека нема многу да говори за самиот манастир бидејки тој е познат насекаде меѓу православниот свет. Тој информираше само дека во манасторскиот комплекс се градат конаци кои ќе можат да примат повеќе православни верници да преноќат во манастирот.






