MKinformer

your daily dose of news

Приведен штипјанец, „издувал“ 1,81 промили алкохол

23/05/2025 10:32

Денес во 02.40 часот, полицијата во Штип го уапсила 71-годишниот Х.П поради управување моторно возило во пијана состојба.

„При сообраќајна контрола на ул.„Борис Кидрич“ во Штип е сопрено патничко возило „фиат“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,81 промили алкохол во крвта“, информираат од МВР.

Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

error: Содржината е заштитена од копирање !!