MKinformer

your daily dose of news

СТОЈАНОВСКИ: ДОГОВОРОТ СО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ БИДЕ ДОСТАПЕН ЗА ЈАВНОСТА

24/05/2025 10:01

Спогодбата, ратификувана со Обединетото Кралство, идната седмица ќе влезе во парламентарна процедура и ќе биде достапна за сите, изјави синоќа пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Во своето гостување во централниот дневен информативен блок на телевизија „Сител“, Стојановски нагласи дека сѐ ќе биде отворено и транспарентно.

“Овој договор нема да биде како овие договори досега во четири очи, туку се ќе биде јавно и транспарентно, секој милиметар и секоја буква од тој договор и оние што ќе следат во иднина ќе бидат јавно претставени на јавноста и ќе бидат доставени во Владата и во Собранието, затоа што сметаме дека јавноста го заслужува тоа.”

“Ние немаме што да криеме во договорите”, додаде Стојаноски.

Договорот беше заверен вчера во Лондон од страна на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и британскиот министер за стопанство и извоз Герет Томас. Финансиските средства, обезбедени преку овој договор, ќе бидат наменети за инфраструктурни проекти во железничкиот сообраќај, здравствената заштита и образовниот систем.

Претходно, пред официјалното потпишување на спогодбата, Владата на Македонија го одобри текстот на Договорот, по постигнатиот договор за стратешко партнерство меѓу премиерот Христијан Мицкоски и неговиот британски колега Кир Стармер на Самитот на Европската политичка заедница во Тирана.

Опозицијата претходно изрази критики и сомнежи за транспарентноста во врска со договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство.

error: Содржината е заштитена од копирање !!