MKinformer

your daily dose of news

Бубашвабите и лебарките од ова бегаат како луди

25/05/2025 13:46

Имате проблем со Бубашваби и Лебарки?

Тие се меѓу најнепосакуваните штетници во домот – издржливи се и брзо се размножуваат. Иако има многу хемиски средства за нивно уништување, многумина се решаваат за природни алтернативи, кои се побезбедни за луѓето и милениците. Еден од најпознатите природни методи е мешавина од сода бикарбона и шеќер – шеќерот ги привлекува штетниците, а содата предизвикува фатална реакција во нивниот организам.

Друга ефикасна комбинација е борна киселина (acidi borici) со шеќер и брашно – се прават мали топчиња што се ставаат на местата каде што се појавуваат бубашвабите или лебарките. Овој метод делува како отров и треба да се користи внимателно, далеку од деца и миленици.

Дијатомејската земја (природен прав од фосилизирани алги), делува така што ја оштетува нивната надворешна обвивка, што доведува до дехидрација и смрт. Иако е безбедна за луѓето и животните, потребно е трпение за да се видат резултатите.

И етеричните масла можат да бидат корисни. Масло од нане, лаванда или лимон со вода можат да се прскаат во просториите каде што се движат лебарките. Нивниот мирис ги одбива и ги спречува да се вратат.

Покрај овие методи, одржувањето на домот чист е клучно. Особено е важно редовно чистење на кујната и бањата, како и затворање на сите отвори низ кои лебарките и бубашвабите можат да влезат.

Зошто се опасни?

Лебарките и бубашвабите не се само непријатни, туку и опасни за здравјето. Тие можат да пренесат опасни бактерии како салмонела, (E. coli), стафилококи и стрептококи, кои можат да предизвикаат сериозни инфекции. Исто така, носат и вируси како полиовирусот.

Кај лица со алергии или астма, особено деца, лебарките можат да ги влошат симптомите. Нивниот измет, плунка и делчиња од телото содржат протеини што предизвикуваат алергиски реакции. Тие често се движат по храна и работни површини, оставајќи опасни микроорганизми, што може да доведе до труење со храна.

Комбинирањето на природни методи и добра хигиена обично дава добри резултати. Но, ако проблемот не се решава, најдобро е да се побара помош од професионалци. Брзата реакција е важна – и за вашето здравје и за безбедноста на вашиот дом.

error: Содржината е заштитена од копирање !!