MKinformer

your daily dose of news

Стевчо Јакимовски: Го кревам гласот и кажувам гласно: Не молчиме!

28/05/2025 16:36

ДОСТА Е!
Да, можеби за многу работи Данела Арсовска не нè убеди. Можеби не ја сакаме сите, можеби нејзините одлуки не ни се допаѓаат секогаш. Но, сега – таа има право!
Ги отвори очите на цела Македонија! Покажа со документи, со факти, како се гради на диво, како се узурпира државно земјиште без денар платен, како се перат милиони евра, како законите важат само за некои – за Карпош, Крива Паланка, Центар… А за другите? За нив нема закони, нема истраги, нема ништо!
Владата на Мицковски молчи, министрите глумат слепи, а народот го влечат за нос!
Министерот за внатрешни гони за клупи во паркови, ама за милионските криминали – молк!
Министерот за транспорт го нема никаде, а премиерот само се заканува – ама на тие што работат по закон!
Оваа селективна правда е неправда. Оваа тишина пред кражбата е соучесништво!
 Го кревам гласот и кажувам гласно: Не молчиме! Не дозволуваме Македонија да стане држава на криминалот! – Напиша Јакимовски на Фејсбук

 

error: Содржината е заштитена од копирање !!