MKinformer

your daily dose of news

ИЗМАМЕНА ШТИПЈАНКА МИСЛЕЛА ДЕКА АПЛИЦИРА ЗА РАБОТА, ПОДАТОЦИТЕ И ГИ ИСКОРИСТИЛЕ ЗА БРЗ КРЕДИТ

08/06/2025 12:25

Четириесетгодишна жена од Штип пријавила во полиција дека станала жртва на измама и изгубила 95.000 денари, откако на почетокот на мај 2025 година воспоставила контакт со лице преку социјалните мрежи, со кое се договорила да работи онлајн за наводна странска компанија.

Според пријавата поднесена на 6 јуни во 12 часот во СВР Штип, оштетената испратила лични информации, меѓу кои фотографии од личната карта, здравствената легитимација и банкарската картичка. Подоцна, во нејзино име биле поднесени повеќе апликации за брзи кредити во различни финансиски друштва.

Откако на нејзина сметка почнале да пристигнуваат парични средства, измамникот ѝ објаснил дека се работи за грешка и ја убедил да ги подигне парите и да му ги врати. Жената постапила по неговите инструкции.

Измамата станала очигледна на 4 јуни, кога добила повик од финансиско друштво за доспеана рата од кредит за кој таа не била свесна дека го подигнала.

Полицијата информира дека се преземаат мерки за целосно расветлување на случајот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!