MKinformer

your daily dose of news

Почина 49-годишен прилепчанец, го удри автомобил додека го туркал велосипедот

16/06/2025 14:52

МВР информира дека синоќа околу 21 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп – Битола, патничко возило „рено“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.Д.(51) од с. Галичани, прилепско, удрило во М.Б.(49) од Прилеп, кој туркал велосипед.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Б., констатирани во Општа болница Прилеп, каде што подоцна им подлегнал на повредите.

Лекар констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа од ОВР Прилеп и јавен обвинител, по чија наредба, телото на починатиот било дадено на обдукција.

error: Содржината е заштитена од копирање !!