MKinformer

your daily dose of news

(ВИДЕО)ЧЕЛЗИ ГО ПОНИЖИ ПСЖ ВО ФИНАЛЕТО НА СВЕТСКОТО ФУДБАЛСКО ПРВЕНСТВО

14/07/2025 7:09

Фудбалерите на Челси го освоија првото Светско клупско првенство во новиот формат, триумфирајќи убедливо со 3-0 против европскиот првак Пари Сен Жермен.

„Сините“ го решија натпреварот уште во првото полувреме, кога ги постигнаа сите три гола. Коул Палмер го отвори резултатот во 22. минута, а само осум минути подоцна повторно се запиша во листата на стрелци за водство од 2-0. До крајот на полувремето, Палмер запиша и асистенција за новото засилување Жоао Педро, кој го постави конечниот резултат 3-0.

Во второто полувреме Челси рутински ја контролираше играта и не дозволи ПСЖ да создаде сериозна шанса. Францускиот тим натпреварот го заврши со играч помалку, откако Жоао Невеш доби црвен картон во 84. минута.

Со оваа победа, Челси испиша историја како прв освојувач на светската титула во новиот формат на Клупското првенство.

error: Содржината е заштитена од копирање !!