MKinformer

your daily dose of news

Охридско лето со Кинеска вечер во „Св. Софија“

06/08/2025 9:11

Во рамките на фестивалот „Охридско лето“, вечерва во 21 часот во црквата „Св. Софија“ ќе се одржи Кинеска вечер со врвни изведувачи од светската музичка сцена. Настап ќе имаат флејтистите Јуе Гуангхуи и Ванг Веи, мецосопранот Аи Ву и пијанистката Хоу Јуан, со програма што вклучува дела од Форе, Равел, Сен-Санс, Гобер, Дебиси, Енеску, Доплер и други класици.

Младата талентирана Јуе Гуангхуи, која музичкото образование го започнала на пијано, а потоа се посветила на флејтата, денес се школува на престижниот конзерваториум во Шангај и има интернационално искуство од Франција и Јапонија.

Ванг Веи, еден од најистакнатите кинески флејтисти, е добитник на бројни награди, меѓу кои и први места на натпреварите „Париз Белан“ и во Бенидорм, Шпанија. Покрај концертната кариера, тој е активен педагог и професор во Париз.

Аи Ву, лирска мецосопранистка со богата интернационална биографија, дипломирала во Шангај и Париз, освојувајќи врвни награди на вокални натпревари во Франција и Европа.

Пијанистката Хоу Јуан, со образование во Кина и Франција, е добитничка на престижни признанија и редовен гостин на светски фестивали, од Кан до проектите на УНЕСКО.

Вечерта ветува незаборавно музичко патување низ европската и кинеската уметничка традиција, во уникатниот амбиент на охридската „Св. Софија“.

error: Содржината е заштитена од копирање !!