MKinformer

your daily dose of news

Денес се очекува да бидат распишани локалните Избори 2025

09/08/2025 10:45

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска се очекува да ги распише локалните избори, кои ќе бидат осми по ред од независноста на државата. Со тоа официјално ќе започнат изборните рокови.

  • До 15 септември – Рок за поднесување листи со кандидати за градоначалници и советници.

  • До 27 септември – Државната изборна комисија (ДИК) ги утврдува листите.

  • 30 септември – 18 октомври – Предизборна кампања (20 дена).

  • 19 октомври 2025 – Прв круг на гласање.

  • 2 ноември 2025 – Втор круг.

  • 15 дена по распишувањето – Започнува увид во Избирачкиот список, кој трае 20 дена.

Опфат на изборите

Граѓаните ќе избираат градоначалници и советници во сите 80 општини и во Градот Скопје, кој како посебна единица на локалната самоуправа има 10 општини со поделени надлежности.

Финансии

Буџетот за изборите изнесува 9,76 милиони евра, од кои околу две третини се предвидени за медиумите и платеното политичко рекламирање. Дополнително, локалните самоуправи ќе ги покриваат трошоците за избирачките одбори, транспорт и дистрибуција на изборниот материјал.

Историја на локални избори

Досега во Македонија локални избори се одржале во 1996, 2000, 2005, 2009, 2013, 2017 и 2021 година. Според Изборниот законик, тие се организираат на секои четири години во втората половина на октомври, најрано 70 и најдоцна 90 дена по нивното распишување.

error: Содржината е заштитена од копирање !!