Дел од Бутел, Центар и Аеродром денеска без струја поради технички зафати
22/08/2025 8:34
Поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска повеќе скопски улици ќе останат без електрична енергија, информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје по добиено известување од ЕВН Македонија АД.
Во периодот од 07:00 до 14:00 часот, без струја ќе бидат корисниците на дел од улица Боца Иванова во близина на „Јафа“ во општина Бутел.
Од 08:00 до 15:00 часот прекини во снабдувањето ќе имаат:
-
корисниците на дел од улица Васил Стефановски во општина Центар,
-
корисниците на дел од улица 9-ти Мај во Центар,
-
корисниците на улица Тодор Чангов во општина Аеродром.
Ова се дел од редовните активности за одржување и унапредување на електродистрибутивната мрежа.




![Прекини во снабдувањето со електрична енергија во делови од Скопје поради планирани зафати struja-1-640x427[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/06/struja-1-640x4271-1.jpg)