MKinformer

your daily dose of news

КИНЕЗИТЕ ГО СРУШИЈА РЕКОРДОТ ЗА НАЈБРЗ ЕЛЕКТРИЧЕН АВТОМОБИЛ СРЕДЕ ГЕРМАНИЈА

28/08/2025 9:14

Кинеската компанија BYD со неверојатна брзина се етаблираше како еден од најголемите производители на електрични автомобили во светот. Од евтини градски модели до ултра-моќни хипер автомобили, BYD нуди палета на возила со одличен сооднос на цена и квалитет, што ја прави сериозна конкуренција дури и за традиционалните западни брендови.

Иако светската јавност најчесто ја поврзува BYD со пристапни модели како Seagull и Dolphin Surf, под брендот за спортски автомобили Yangwang компанијата влезе во сосема нова лига. Моделот U9 Track Edition, со четири електрични мотори и вкупна моќност од речиси 3000 КС, ја постигна досега најголемата забележана брзина на еден електричен автомобил.

На патеката ATP Automotive Testing Papenburg во Германија, U9 Track Edition достигна 472,41 км/ч, што претставува нов светски рекорд за максимална брзина со електрично возило. Автомобилот е опремен со DiSus-X систем за интелигентна контрола на каросеријата, четири погони со по 744 КС, и специјално развиени гуми во соработка со Giti Tire.

Ова е првпат еден кинески бренд да постави ваков рекорд, што претставува огромен чекор за кинеската автомобилска индустрија и за глобалниот пазар на електрични возила.

Секако, во овој контекст мора да се спомене и Nevera R на Мате Римац, која неодамна постави 24 нови рекорди, меѓу кои и рекорд за најбрз сериски електричен автомобил со брзина од 431,45 км/ч. Со својот рекорд, BYD сега ја надмина Nevera за повеќе од 40 км/ч, отворајќи ја дилемата – колку сме далеку од пробивање на границата од 500 км/ч со електричен автомобил?

error: Содржината е заштитена од копирање !!