MKinformer

your daily dose of news

Кандидатот за градоначалник Александар Трајановски: Превенција наместо последици

18/09/2025 21:09

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од коалицијата ГРОМ, ЛДП, Интегра и ПЦЕР, Александар Трајановски, објави видео на кое детално ја објаснува својата заложба за формирање на Комунална полиција во главниот град.

Видеото е снимено на депонијата Вардариште, симбол на еден од најгорливите проблеми со кои секојдневно се соочуваат скопјани. Во својата порака, Трајановски нагласува дека Скопје има потреба од институција која ќе дејствува превентивно, а не само да реагира откако штетата е веќе направена.

„Ако сакаме да размислуваме за превентивна заштита и дејствување, а не да се бавиме со последиците, тогаш мора да размислуваме за Комунална Полиција“, порача Трајановски во својот пост на Фејсбук, додавајќи ги и хаштаг пораките #Скопје #ПовеќеРезултати #ПомалкуИзговори.

Со оваа иницијатива, кандидатот јасно покажува дека неговата визија за главниот град е насочена кон подобар ред, ефикасна контрола и заштита на јавниот простор. Според него, Комуналната полиција ќе има улога да спречува создавање на нови депонии, да интервенира против несовесно однесување и да овозможи поквалитетен живот за сите жители на Скопје.

Трајановски истакнува дека решавањето на комуналните проблеми е предуслов за чист, модерен и функционален град, каков што Скопје заслужува да биде.

error: Содржината е заштитена од копирање !!