Во тек голема полициска акција на истокот: Разбиена мафија за нелегална сеча, вмешани директор, началник и полицајци
19/09/2025 10:48
На истокот на земјата веќе втор ден трае масовна полициска акција во Берово, Пехчево и Делчево, насочена кон раскринкување на организирана криминална група која со години профитирала од уништување на шумите и коруптивни зделки.
Неофицијално, меѓу приведените се наоѓаат актуелен директор на ЈП „Македонски шуми“, началник во полицијата, повеќе полициски службеници и шумски полицајци, како и службено лице од Министерството за земјоделие. Во аферата се инволвирани и сопственици на приватни компании, кои заедно со јавни функционери систематски организирале нелегална сеча и транспорт на дрвна маса, претставувајќи ја како легално исечена.
Истражните органи откриваат дека групата функционирала како злосторничко здружение чија единствена цел била личен профит, на сметка на државата, граѓаните и природните ресурси. Шумите, кои треба да бидат национално богатство, според првичните информации биле претворени во алатка за брза заработка преку корупција и злоупотреба на функциите.
Овој случај отвора сериозни прашања за одговорноста на институциитево минативе 30 години и степенот на вкоренета корупција во државните структури.






