MKinformer

your daily dose of news

Утрово со свечено ѕвонење на камбаните започна осветувањето на храмот Св.Константин и Елена во Скопје

28/09/2025 13:08

Пред голем број граѓани, верници, високи владини функционери, пратеници, претставници на политички партии и на дипломатскиот кор, денес се одржа свеченото осветување на храмот „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје. Настанот започна со изведба на „Достојно ест“ од страна на свештенството, по што следуваше главната церемонија.

Утрово во 08:30 часот, со свечено ѕвонење на камбаните, започна светиот чин кој се одвиваше во атмосфера исполнета со духовност, молитва и радост. Осветувањето го изврши архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со бројни архијереи на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Овој значаен чин претставува историски момент за Скопје, кое доби ново духовно средиште и место за молитва, а самиот настан остави длабок впечаток кај присутните верници и гости.

Изградбата на храмот почна во 2012 година и траеше 13 години. Работите беа интензивирани во 2024 година со што се комплетираа внатрешното уредување, надворешноста и околкниот простор.

error: Содржината е заштитена од копирање !!