MKinformer

your daily dose of news

Преспанското Езеро се намалува, се претвора во мочуриште и ја загрозува локалната екологија

29/09/2025 16:40

Преспанското Езеро, едно од најстарите и најзначајните езера во Европа, драстично ја намалува својата површина, со што природното и туристичкото богатство на регионот е сериозно загрозено. Во последните децении, површината на езерото се намалила од 284 на 259 квадратни километри, а нивото на водата опаднало за околу 12 метри.

Најзагрижувачко е тоа што во туристичкиот дел Крани, посетителите мора да пешачат стотици метри преку суво дно за да стигнат до водата. Експертите предупредуваат дека ако трендот на губење вода продолжи, во наредните 60 години може да се исуши 90% од површината на езерото.

Професорот Дејан Трајковски од Техничкиот факултет во Битола посочува дека годишно езерото губи околу 50 сантиметри, што изнесува приближно 125 милиони кубни метри вода. Локалните жители и туристите бараат итни мерки за спасување на езерото, вклучувајќи подобро управување со водните ресурси и отстранување на пумпите за наводнување.

Ако не се превземат брзи и ефективни мерки, Преспанското Езеро може да претрпи трајна еколошка катастрофа, со сериозни последици за биодиверзитетот, туризмот и животот на локалната заедница.

error: Содржината е заштитена од копирање !!