MKinformer

your daily dose of news

Над 1.000 студенти останаа без субвенциониран оброк поради административни пропусти

12/11/2025 10:04

Повеќе од 1.000 студенти во Македонија останаа без субвенциониран студентски оброк за месец ноември, објави СтудентаријаМК, извор кој се декларира како информативна платформа на најголемата студентска заедница во земјата.

Според нивните информации, бавни и неефикасни административни постапки на дел од факултетите и надлежните институции довеле до тоа многу студенти да не се најдат на листите за исплата, по што им било прекинато правото на субвенциониран оброк.

„Сега, кога рокот за аплицирање е завршен, тие ќе можат повторно да аплицираат дури во декември, што значи дека ќе останат без оброк цели два месеца,“ велат од СтудентаријаМК.


🗣️ Апел до Министерството за образование и наука

Од СтудентаријаМК апелираат до Министерството за образование и наука (МОН) итно да излезе во пресрет и да овозможи студентите да го добијат своето законско право без дополнителни одложувања.

Организацијата потсетува дека субвенционираниот студентски оброк е социјална мерка која има за цел да го олесни животот и студирањето на младите, а административните пропусти не смеат да бидат пречка за остварување на ова право.


Субвенционираниот студентски оброк беше воведен како државна поддршка за студентите, со месечна надомест од 140 денари дневно, за покривање на трошоци за храна. Средствата се исплаќаат преку електронска апликација, а секој семестар студентите мора повторно да аплицираат и да ја обноват својата пријава.

error: Содржината е заштитена од копирање !!