Од денес задолжителна зимска опрема во возилата до 15 март-што треба да имате?
15/11/2025 9:34
Од денес, 15 ноември, па сè до 15 март следната година, стапува на сила законската обврска за задолжително користење зимска опрема во сите возила што учествуваат во сообраќајот, потсетуваат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
За да се избегнат казни и прекршоци, возачите треба да го усогласат своето возило со пропишаните барања:
🛞 Возила до 3.500 кг:
-
Зимски гуми на сите четири тркала со минимум 4 мм длабочина,
или -
Летни гуми со минимум 4 мм, но задолжително синџири за снег во возилото.
🛞 Возила со погон на сите тркала (4×4):
-
Зимски гуми со најмалку 6 мм длабочина,
или -
Летни гуми со минимум 4 мм + задолжителни синџири за снег.
🛞 Возила над 3.500 кг:
-
Зимски гуми на погонските тркала со длабочина од 6 мм,
или -
Летни гуми со минимум 4 мм + задолжителни синџири за снег.
Покрај ова, автобусите и товарните возила мора да поседуваат и прирачен алат, како што е лопата, ако нивната конструкција не дозволува употреба на синџири.
АМСМ потсетува дека почитувањето на правилата не само што спречува казни, туку директно влијае на безбедноста на сите учесници во сообраќајот во зимски услови.




