Собранието ја почна првата седница по Локалните избори: Пратенички прашања, верификација на мандати и измена на закони
18/11/2025 11:25
Во Собранието денеска се одржува првата собраниска седница по завршувањето на Локалните избори. Пред почетокот на 70. седница, премиерот и министрите, согласно Деловникот, два часа одговараат на прашања поставени од опозициските пратеници.
На дневен ред на 70. седница е и верификација на мандати на нови пратеници. Пратениците ќе расправаат и по неколку закони во прво читање, меѓу кои:
-
измените и дополнувањата на Законот за правата на заедниците кои се помалку од 20% од населението,
-
измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги,
-
Законот за данокот на додадена вредност,
-
Законот за гранична контрола,
-
Предлог-законот за претворање на побарувањата на државата по основ на јавни давачки во траен влог во ЈП за стопанисување со спортските објекти во Скопје.
По завршувањето на 70. седница, Собранието треба да премине на продолжението на 19. седница. На дневен ред преостанати за разгледување се Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2025 година и Предлог-одлуката за согласност за висината на месечниот надомест што оваа Агенција ќе го наплатува од пензиските друштва во 2025 година.






