MKinformer

your daily dose of news

Уапсен заменик министер, распад на системот: Државата загубила 780.000 евра поради незаконски отписи на пченица и јачмен

25/11/2025 12:03

Според сознанијата на МК ИНФОРМЕР за утринската полициска акција, ви го пренесуваме следното.

ОСОСК утрово, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, спроведе голема полициска акција со претреси во Скопје, Куманово и Тетово, поради сомнение за тешка злоупотреба на службена положба и овластување во државни институции во периодот 2021–2022 година.

Според првичните информации, под истрага се овластени службени лица од Агенцијата за стокови резерви, „Агро берза“, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и едно вешто лице. Акцијата има за цел прибирање докази поврзани со голем финансиски скандал кој нанел сериозна штета на државниот буџет.

Според истражните органи, со неизвршување на службената должност било овозможено незаконско отпишување на околу 1.500.000 килограми меркантилна пченица и 500.000 килограми јачмен од државните стокови резерви. На тој начин, на буџетот му била нанесена штета од околу 780.000 евра.

Осомничени за делото се:

  1. Ниметула Рамадани, раководител во Агенцијата за стокови резерви – сомневање за злоупотреба на службена положба.

  2. Реси Абдурахмани, директор на Агенцијата за стокови резерви – сомневање за злоупотреба на службена положба.

  3. Тони Кантурски, раководител во Агенцијата за стокови резерви – сомневање за злоупотреба на службена положба.

  4. Трајан Димковски, поранешен заменик министер за земјоделство – сомневање за злоупотреба на службена положба согласно член 353 став 4 од Кривичниот законик.

  5. Миле Пешевски, вешто лице при Бирото за процена – сомневање за злоупотреба на службена положба согласно член 353 став 4.

Од МВР најавија дека по завршувањето на акцијата ќе бидат објавени повеќе детали за понатамошните постапки.

error: Содржината е заштитена од копирање !!