MKinformer

your daily dose of news

Газдата на „Пулс“ и обвинетите не се чувствуваат виновни за кочанската трагедија

02/12/2025 12:39

На денешното рочиште за случајот со трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, првообвинетиот Дејан Јованов – Деко изјави дека не признава вина за делата што му се ставаат на товар. Вина не признаа ниту неговиот син Михаил Јованов, ниту останатите обвинети во процесот, во кој се опфатени вкупно 35 физички и три правни лица, меѓу кои има поранешни функционери, директори и локални градоначалници.

Судењето денес продолжи со изјаснување за вината и воведните зборови на одбраната. На прашањето на судот дали го разбира обвинението, Јованов рече дека му е „јасно за што е обвинет“, но дека не се чувствува виновен по ниту едно од кривичните дела.

Случајот „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а околу 200 беа повредени, продолжува да биде еден од најобемните и најтрагични процеси во македонското судство.

One thought on “Газдата на „Пулс“ и обвинетите не се чувствуваат виновни за кочанската трагедија

Comments are closed.

error: Содржината е заштитена од копирање !!