MKinformer

your daily dose of news

Голема акција во УЈП: Претреси низ државата за перење пари и даночни измами

15/01/2026 21:30

Сѐуште е во тек обемната полициско-обвинителска акција во просториите на Управа за јавни приходи во Скопје, дознава МК Информер.

Од попладневните часови, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), истражители од обвинителството, со асистенција на полициски службеници од Министерство за внатрешни работи, вршат претреси на повеќе локации низ државата.

Според првичните информации, акцијата е насочена кон обезбедување лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери. Засега не се соопштува колку лица се опфатени со истрагата, ниту дали има приведени.

Надлежните институции не излегуваат со дополнителни детали, а повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден, по завршување на оперативните дејствија.

МК Информер ќе ја следи акцијата и ќе информира веднаш штом ќе бидат објавени нови официјални податоци.

Во тек голема полициска акција во УЈП во Скопје, засега без официјални детали

One thought on “Голема акција во УЈП: Претреси низ државата за перење пари и даночни измами

Comments are closed.

error: Содржината е заштитена од копирање !!