Унгарски пробиотски коктел покажал ремисија кај 76% од пациенти со улцеративен колитис
16/01/2026 21:22
Унгарски лекари од Универзитет Семмелвајс направиле вистинско чудо – со едноставен пробиотски коктел успеале да ја смират, па дури и целосно да ја повлечат тешката болест улцеративен колитис кај дури 76% од пациентите.
Наместо силни апчиња што го „гасат“ имунитетот и имаат куп несакани ефекти, Унгарците тргнале од коренот на проблемот, расипаните црева. Направиле мешавина од девет „добри бактерии“ (како оние што ги има во јогурт, кисело млеко и природни ферментирани производи) кои му помагаат на стомакот повторно да си дојде на свое.
Луѓето со умерена до тешка форма на болеста секој ден го пиеле овој пробиотски коктел и за околу осум месеци, болеста им се повлекла. Докторите со камери во цревата (колоноскопија) потврдиле дека внатрешноста на цревата заздравела. Најважно од сè, многумина целосно ги оставиле лековите што ги пиеле со години и со повеќе од четири години немаат повторно враќање на болеста.
Улцеративниот колитис е мака што ги мачи луѓето со крвава дијареа, болки, исцрпеност и постојано одење по болници. Кај оваа болест, телото само си ги напаѓа цревата. Досега лекувањето главно значеше силни лекови што го „успиваат“ имунитетот и чинат илјадници евра годишно, а не лечат, туку само ја држат болеста под контрола.
Унгарската приказна оди поинаку: со враќање на добрите бактерии во стомакот, телото само престанува да се бори против себе. Терапијата чини околу 48 долари месечно и, според унгарските власти, е покриена од државното здравство како прв чекор, пред да се оди на тешки лекови.
Иако резултатите звучат како сон за пациентите, лекарите велат дека се потребни уште истражувања за ова да стане стандард насекаде. Но едно е јасно – кога стомакот ќе се среди, и телото полесно се лекува.






