MKinformer

your daily dose of news

ССМ жестоко ја демантира Македонска пошта: „Наместо плата, лаги и манипулации, 1700 семејства оставени без приходи“

23/01/2026 15:12

Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ) остро реагираше на соопштението на Македонска пошта, во кое раководството тврди дека протестот на вработените е „тенденциозен и политички мотивиран“.

Од ССМ порачуваат дека ваквите обвинувања се обид да се прикрие фактот дека платата на повеќе од 1.700 вработени сè уште не е исплатена, при што илјадници семејства биле оставени без приходи токму за време на најголемите празници.

„Наместо плата – лаги и манипулации“

„Иако платата на повеќе од 1.700 вработени во Македонска пошта не е исплатена, а со тоа исто толку семејства се оставени без средства за живот, раководството наместо исплата на плата лиферува лаги и обвинувања кон синдикатите“, реагираат од ССМ.

Синдикатот нагласува дека цврсто застанува зад работниците и нивната борба за исплата на изработената и заработената плата, оценувајќи дека секој обид протестот да се прикаже како политички е класична манипулација.

Заеднички протест на сите синдикати во Пошта

Од ССМ посочуваат дека денешниот протест не е дело на еден синдикат, туку е заеднички организиран од сите три синдикати во Македонска пошта, вклучително и таканаречениот „партиски синдикат“, кој, според ССМ, бил формиран под притисоци, закани и уцени кон работниците.

„Фактот дека сите синдикати заеднички го организираа протестот е јасен доказ дека не станува збор за политика, туку за егзистенцијално прашање, неисплатена плата“, наведуваат од ССМ.

Како потврда, Синдикатот го објави и заедничкото Известување за организирање општ протест, кое било навремено доставено до менаџментот на Македонска пошта пред почетокот на протестот.

Вработените во „Македонски пошти“ на протест поради неисплатени плати

error: Содржината е заштитена од копирање !!