MKinformer

your daily dose of news

Синдикатот на професионални војници поднесе кривична пријава против 14 припадници на АРМ

25/01/2026 20:12

Независен синдикат на професионални војници соопшти дека на 20 јануари 2026 година поднел кривична пријава до надлежните институции против 14 офицери и подофицери на Армија на Република Македонија.

„Се сомневаме на сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, пријавените лица се 11 офицери и 3 под оицери, вработени во различни единици во армијата, кои причиниле штета врз припадници на армијата и буџетот на државата“, се вели во соопштението.

Во соопштението се посочува дека синдикатот во изминатиот период во повеќе наврати апелирал за почитување на правата на професионалните војници и за доследна примена на Законот за служба во армијата, но, како што наведуваат, без резултати.

Дополнително, од синдикатот информираат дека против нив и нивни членови, според нивните тврдења, постапуваат 4 генерали, за кои најавуваат дека во наредниот период ќе бидат поднесени соодветни пријави.

„Упатуваме апел до претседателката на државата и врховен командант на армијата, Гордана Сиљановска -Давкова, да ги преиспита одлуките за унапредувања и поставувања на одредени воени позиции“, велат од синдикатот.

Ова е петта кривична пријава што Независниот синдикат на професионални војници ја поднесува против вработени во Министерството за одбрана и Армијата, при што повторно апелираат Основното јавно обвинителство да постапи по сите досега доставени пријави.

error: Содржината е заштитена од копирање !!