Се огласи Чолиќ за бомбата фрлена во неговиот двор
03/02/2026 19:08
Познатиот пејач Здравко Чолиќ и неговото семејство се во добра здравствена состојба по инцидентот во кој експлозивна направа била фрлена во дворот на нивната семејна куќа во Белград.
Чолиќ во изјава за телевизијата Уна нагласи дека во моментот не се наоѓа во Србија и дека престојува во Загреб, каде што работи на финализација на нови песни за претстојниот албум.
„Сè е во ред во Белград, фала му на бога што сите се добро. Го разбирам интересот на медиумите, но дел од информациите беа протолкувани на начин што не одговара на реалната состојба. Истрагата е во тек и го чекаме полицискиот извештај“, изјави Чолиќ.
Инцидентот се случил рано утрово, кога во дворот на семејната куќа на Чолиќ во елитната белградска населба Дедиње била фрлена експлозивна направа. Во нападот е предизвикана материјална штета, но нема повредени лица.
Мотивот за нападот засега е непознат, а надлежните служби работат на расветлување на случајот.
(Видео)Нови детали за нападот врз куќата на Здравко Чолиќ: семејството спиело, штетата огромна
Екслузивно: Фрлена бомба во домот на Здравко Чолиќ на Дедиње, пејачот бил дома





