MKinformer

your daily dose of news

Или ќе работите за 400 евра или ќе останете без работа

06/02/2026 11:02

Минимална плата од 600 евра и зголемување на сите останати плати за 6.000 денари би чинеле околу 1,25 милијарди евра за вкупната маса на плати во јавниот и приватниот сектор, предупреди гувернерот на Народна банка, Трајко Славевски, во синоќешното интервју во емисијата „Вин-Вин“ на ТВ Телма.

Според Славевски, токму поради сериозните економски последици, не е случајно што ваквото барање не добива поддршка од сите стопански субјекти, особено од занаетчискиот сектор и малите и средни претпријатија.

„Една милијарда и 250 милиони евра – знаете што значи тоа? Тоа би значело потоп за илјадници претпријатија во Македонија и масовна невработеност“, изјави гувернерот, нагласувајќи дека економијата нема капацитет да го издржи таквиот шок.

Од аспект на Народната банка, ваквото нагло зголемување на платите би предизвикало драстичен раст на инфлацијата, како и значително поскапување на кредитите – и станбените и потрошувачките. Тоа, според него, директно би го погодило животниот стандард на граѓаните.

„Некој мора да ја плати цената. Нема бесплатен ручек“, предупреди Славевски, потенцирајќи дека економските политики мора да се базираат на реални анализи и одржливост, а не на краткорочни популистички решенија.

error: Содржината е заштитена од копирање !!