MKinformer

your daily dose of news

Нова трамвајска несреќа се случи синоќа во Сараево

20/02/2026 21:18

Нова трамвајска несреќа се случи синоќа во Сараево, во близина на Царевиот мост, кога трамвај се судрил со патнички автомобил, објави порталот Klix.ba.

По судирот, двајцата возачи биле пренесени во Итната медицинска помош, каде им биле констатирани полесни повреди. Според информациите од полицијата, 39-годишниот Н.К. од Сараево, кој управувал со трамвајот, немал важечка возачка дозвола за управување со ова возило, односно дозволата му била истечена.

Полициски службеници од Министерство за внатрешни работи на Сараевскиот кантон извршиле тестирање за присуство на алкохол и недозволени супстанции. Резултатите покажале дека возачот бил негативен на алкохол, но позитивен на недозволени супстанции.

Од надлежните информираат дека Полициската управа Стари Град ќе покрене прекршочна постапка против возачот Н.К., како и против јавното претпријатие КЈКП ГРАС и одговорното лице во компанијата, пред Општинскиот суд во Сараево.

Во несреќата двете возила претрпеле материјална штета, а истрагата за околностите под кои се случил судирот е во тек.

error: Содржината е заштитена од копирање !!