MKinformer

your daily dose of news

Летно сметање на времето 2026: Годинава порано

16/02/2026 10:02

Промената на летното сметање на времето во Македонија во 2026 година ќе се случи ноќта меѓу сабота, 28 март, и недела, 29 март.

Во 02:00 часот по полноќ, часовниците се поместуваат еден час напред, на 03:00. Со ова официјално започнува летното сметање на времето, што значи еден час помалку сон, но подолги и посветли вечери.

Летното време ќе трае до 25 октомври 2026 година, кога повторно ќе се вратиме на зимско сметање, со поместување на часовниците еден час назад.

Иако со години се водат дебати за укинување на оваа практика во ЕУ, сè уште нема конечна одлука, па земјите од регионот, вклучително и Македонија, продолжуваат да го следат сезонскиот режим.

Како промената на времето влијае врз здравјето?

Преминот кон летно време е најтежок за организмот, бидејќи се „краде“ еден час сон и се нарушува природниот циркадијален ритам.

Истражувањата покажуваат:

  • Зголемување на срцеви и мозочни удари во првите денови по промената (до 24%)

  • Почести несоница, замор, главоболки и раздразливост

  • Намалена концентрација и можни појави на анксиозност

  • Околу 6% повеќе сообраќајни незгоди и повреди на работното место

На повеќето луѓе им се потребни и до две недели за целосна адаптација.

Дали навистина се штеди енергија?

Првичната цел „заштеда на електрична енергија“ денес е сериозно доведена во прашање.

Современите анализи покажуваат дека заштедите се минимални (0,3%–0,5%), а често се поништуваат со зголемена потрошувачка за греење или ладење. Со масовната употреба на LED осветлување, ефектот станува речиси незабележлив.

Токму поради овие причини, организации како American Academy of Sleep Medicine јавно се залагаат за трајно укинување на сезонското поместување на часовникот и премин кон фиксно стандардно време.

error: Содржината е заштитена од копирање !!