Дете од 14 години возел автомобил со другари малолетници и се забил во столб
24/02/2026 16:37
Четиринаесетгодишно момче се здобило со тешки повреди во сообраќајна несреќа што се случила на 23 февруари околу 20:30 часот во селото Дебреште, општина Долнени.
Според информациите од полицијата, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишник од селото, излетало од коловозот и удрило во бетонски столб.
Во несреќата тешко бил повреден 14-годишен сопатник од Дебреште, додека возачот и уште еден 16-годишен сопатник се здобиле со полесни повреди.
Повредените биле пренесени во Градската општа болница во Прилеп, каде им била укажана лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Прилеп, а надлежните институции работат на целосно утврдување на околностите под кои се случила несреќата.





![18-годишник со мотор загина во тешка сообраќајна несреќа во Чаир soobrakajka-motor[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/soobrakajka-motor1.jpg)