Му впрериле пиштол на улица во Карпош поради недоразбирање во сообраќајот
26/02/2026 11:06
Педесет и двегодишен жител на скопското село Сарај пријавил закани со пиштол по сообраќајно недоразбирање на подрачјето на Карпош.
Како што информираат од СВР Скопје, на 24.02.2026 година во 15:00 часот во полициска станица, И.С. (52) пријавил дека околу 11:45 часот, додека се движел со патничко возило, бил пресретнат од друго возило.
Според пријавата, по кратко недоразбирање во сообраќајот, возачот на другото возило застанал и му упатил закани со пиштол.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и идентификување на лицето.






