MKinformer

your daily dose of news

Девет македонски државјани побарале евакуација од Израел, воздушниот простор затворен до понеделник

28/02/2026 16:52

Вкупно девет македонски државјани официјално побарале асистенција за евакуација од Израел, информира Министерство за надворешни работи и надворешна трговија.

Според последните информации, израелскиот воздушен простор останува затворен најмалку до понеделник. По неговото повторно отворање, надлежните институции ќе ги разгледаат можностите и моделите за организирање евентуална евакуација, во зависност од безбедносната состојба на терен.

Апел до граѓаните

Од Министерството посочуваат дека во оваа фаза препораката до македонските државјани е внимателно да ги следат официјалните известувања на израелските власти, да постапуваат согласно безбедносните протоколи и да останат во засолништа кога тоа е наложено.

МНР информира дека преку дипломатско-конзуларните претставништва во Тел Авив, Доха и Абу Даби, како и преку дежурните служби, е во континуирана комуникација со граѓаните и целосно на располагање за потребна помош и координација.

Развојот на ситуацијата внимателно се следи, а дополнителни информации ќе бидат објавени во согласност со динамиката на настаните.

error: Содржината е заштитена од копирање !!