Inspire Academy со визија за иднината на образованието на Саемот во City Mall – AI, програмирање и дигитална трансформација
28/02/2026 14:07
Inspire Academy се претставува на Саемот за образование и кариера што се одржува во City Mall, носејќи концепт на модерно, практично и бизнис-ориентирано учење, насочено кон вештините на иднината.
Академијата се фокусира на области како вештачка интелигенција, data science, програмирање и дигитална трансформација, со цел студентите, професионалците и компаниите да стекнат применливо знаење што директно носи конкурентска предност на пазарот на трудот.
Програмите на Inspire Academy се дизајнирани од експерти со долгогодишно академско и индустриско искуство, со посебен акцент на практична примена, работа на реални студии на случај и развој на стратешко размислување.
„Веруваме дека вистинската инвестиција е инвестицијата во знаење. А знаењето, кога е правилно насочено, станува најмоќната валута на современата економија“, велат од Inspire Academy.
Дводневниот Саем за образование и кариера се организира од платформата „Студентарија“. На настанот учествуваат 12 јавни и приватни универзитети со повеќе од 120 факултети.
Саемот е наменет пред сè за матуранти кои треба да донесат одлука за своето понатамошно образование, но и за студенти и млади професионалци заинтересирани за постдипломски студии, преквалификација, пракса или вработување.
Со своето присуство, Inspire Academy испраќа порака дека образованието треба да биде динамично, применливо и тесно поврзано со реалните потреби на современиот бизнис.






