MKinformer

your daily dose of news

Ново сведоштво за семејно насилство: татко ја тепал ќерката со саксии на балкон

12/03/2026 12:12

Нов случај на семејно насилство ја вознемири јавноста, откако сведоци раскажале за инцидент што во саботата вечерта се случувал на балкон од зграда во скопската населба Црниче.

Според сведочење објавено во медиумите, околу 19 часот пред супермаркет во близина на зградата се собрале граѓани кои биле вознемирени од гласови и повици за помош. Како што тврдат очевидци, 70-годишен татко физички ја нападнал својата 30-годишна ќерка.

Жена која сведочела на настанот раскажала дека девојката барала помош и викала некој да повика полиција, по што, според нејзините зборови, била внесена во станот и биле затворени балконските врати.

Очевидците велат дека веднаш се обиделе да го пријават случајот, но првично не успеале да добијат одговор на бројот 192. Потоа се јавиле на 112, од каде што бил препратен повикот до надлежната полициска станица.

Според нивното сведоштво, полициска екипа пристигнала по околу половина час, по што биле земени изјави и бил извршен увид во зградата.

Случајот подоцна бил евидентиран и во полицискиот билтен. Во кратката информација на МВР се наведува дека бил извршен службен разговор со 70-годишно лице од Скопје, постапувајќи по пријава дека на 7 март 2026 година, околу 18 часот, во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода физички ја нападнал својата 30-годишна ќерка.

Овој случај доаѓа во период кога темата за семејното насилство повторно е во фокусот на јавноста, особено по трагедијата во Карпош, по која сè повеќе жртви и сведоци се охрабруваат да пријавуваат насилство.

Во меѓувреме, институциите најавија работни групи и можни законски измени со цел да се обезбеди побрза и поефикасна заштита на жртвите. Последните случаи покажуваат дека семејното насилство и понатаму останува сериозен општествен проблем што бара навремена и ефикасна реакција.

error: Содржината е заштитена од копирање !!