Видете какво ќе биде времето денес
16/03/2026 9:52
Времето денеска претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Попладне времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за локален слаб дожд.
Во Скопје облачноста ќе се зголемува
Во главниот град претпладне ќе биде сончево со умерена облачност.
Попладне се очекува зголемување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Од вторник следува дожд
Во вторник и во среда претпладне ќе преовладува променливо облачно време.
Во текот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд. На одредени места врнежите ќе бидат и пообилни.
Пониски температури и засилен ветер
Во среда и во четврток се очекува умерен ветер од источен и североисточен правец.
Наместа ветерот повремено ќе биде засилен. Воедно, дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.




