ГРОМ: Предлог-законот на ВМРО-ДПМНЕ за двојно државјанство на пратеници е ефтин популизам без сериозна анализа
24/04/2026 14:13
Законот за двојно државјанство за пратеници е евтин популизам и реактивна политика, оцени денеска ГРОМ, коментирајќи го предлогот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со кој пратениците би можеле да имаат само македонско државјанство.
Во изминативе 34 години, живееме во општество во кое главните политички партии буквално не
окупираат со површни, популистички, дневни политики „купи ден – продај“ од најнизок тип. Таков
еклатантен пример е предлогот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за носење на закон со кој
се забранува пратеник да има двојно државјанство.
Секоја политика, секое законско решение, мора да произлегува од сериозна анализа, и да е
резултат од потреба на граѓаните и државата како и компаративни анализи на слични решенија во
други држави, а особено на земјите членки на ЕУ. Овој популистички закон е само реактивен
однос на ВМРО-ДПМНЕ по прозивките на СДСМ за наводни двојни државјанства во редовите на
владеачката партија. Политиките и законите не смеат да бидат резултат по принципот „а така вие
нам, епа сега ќе видите ние што ќе направиме“. Политиката не е детска игра, таа е сериозна
работа, а ова што го демонстрираат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ е однос на недозреани деца
залутани во политичките води на јадната ни Македонија.
Ако веќе се носи таков закон, мора да се размисли дали и министер, негов заменик, државен
советник, државен секретар, па ако сакате и до кое ниво во јавната и државата администрација ќе
може да се вработува лице со двојно државјанство? Евентуално законот мора да ги опфати и
безбедносните структури на државата: МВР, МО, АНБ, АР.
Јавно ги прашуваме: како е можно министер со двојно државјанство да присуствува на затворени
седници на Влада, да чита строго доверливи материјали, да му е достапна државна тајна, дури да
присуствува на седници на Совет за безбедност? Како е можно со законот да не бидат опфатени
лица присутни во актуелната влада кои се резиденти на други држави, а во тие држави
остваруваат економски интереси? Да потсетиме, актуелни двајца министри, имаат потврдено дека
имаат двојно државјанство, за тројца се шпекулира, а истите ги лиферуваа добро упатени бугарски
кругови.
Затоа, ГРОМ ја замолува владејачката ВМРО-ДПМНЕ да има сериозен пристап при водење на
државните работи, да не се однесуваат како налутени дечиња кои си ја земаат топката и ја
растураат играта и да не ги третираат измените, дополнувањата и новите закони како дел од
ефтина популистичка пи-ар политика, туку да покажат минимална доза на сериозност како што
доликува на луѓе кои се начело на една држава и кои наводно добиле висока доверба од
граѓаните.






