MKinformer

your daily dose of news

УХМР: Сончево утро, попладне дожд и грмежи, од утре нагло заладување

29/04/2026 7:26

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд и грмежи, соопшти УХМР. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од 3 до 10 степени. Дневната ќе биде од 18 до 25 степени. Во Скопје се очекува сончево време со слаб до умерен северозападен ветер, а температурата ќе се движи од 7 до 23 степени.

Од утре следува промена на времето. Според УХМР, ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни. На планините ќе има услови дождот да преминува во снег поради продор на постуден воздух од север.

Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Во делови од источна Македонија ветерот повремено ќе надминува 60 километри на час. Максималната температура утре ќе биде во интервал од 10 до 18 степени.

Од петок до крајот на неделата ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време. Ќе има повремени врнежи од дожд и умерен до засилен северен ветер. Температурите ќе опаѓаат, а утринските на одделни места ќе се спуштат и под нулата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!