MKinformer

your daily dose of news

За едно деноноќие уапсени 17 возачи низ Македонија поради безобѕирно возење

16/05/2026 16:53

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници низ државата лишиле од слобода 17 возачи поради безобѕирно управување со возило, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, шестмина од приведените, од Крива Паланка, Куманово, Делчево и Радовиш, управувале возило под дејство на алкохол. Еден од нив, возач од Радовиш, предизвикал и сообраќајна несреќа, по што го напуштил местото на настанот.

Осум возачи од Скопје, Делчево, Гевгелија, Богданци, Прилеп и Македонски Брод биле затекнати како управуваат возило без возачка дозвола.

Во Кочани, пак, бил приведен возач кој управувал и покрај тоа што имал активна забрана за возење.

Во Кавадарци полицијата лишила од слобода лице кое управувало нерегистриран мотоцикл и немало возачка дозвола.

Во Демир Хисар бил затекнат уште еден возач кој управувал патничко возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол.

Од МВР потсетуваат дека управувањето возило под дејство на алкохол, без возачка дозвола или спротивно на изречена забрана претставува сериозна опасност за сите учесници во сообраќајот.

„Апелираме до сите возачи на совесно и одговорно учество во сообраќајот, со цел заеднички да придонесеме за поголема безбедност на патиштата“, порачаа од Министерството за внатрешни работи.

error: Содржината е заштитена од копирање !!