MKinformer

your daily dose of news

Променливо облачно и посвежо време, ветерот ќе засилува и над 60 километри на час

17/05/2026 8:05

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо, со сончеви периоди во текот на денот.

Условите за повремен локален дожд ќе бидат поголеми во крајните западни и источни делови од земјата.

Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец. Наместа се очекува ветерот да надмине и 60 километри на час.

Утринските температури ќе се движат од 3 до 8 степени, додека дневните ќе достигнат до 23 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и посвежо, со сончеви периоди.

Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, а во делови од котлината повремено ќе биде и засилен.

error: Содржината е заштитена од копирање !!