Трагичен епилог од сообраќајката на Пластичарска: 19-годишниот мотоциклист им подлегна на повредите, возачот е приведен
30/05/2026 15:42
Трагичен епилог доби тешката сообраќајна несреќа што синоќа се случи кај Пластичарска во Скопје. Почина 19-годишниот мотоциклист на Пластичарска, кој по судирот бил пренесен на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, но им подлегнал на повредите.
Според информациите, несреќата била пријавена во 22:21 часот на раскрсницата меѓу булеварот „Никола Карев“ и улицата „Прохор Пчински“. Во судирот учествувале автомобил „ауди А4“, управуван од 31-годишниот Н.Х. од Визбегово, и два мотоцикла, управувани од 21-годишниот Н.Б. и 19-годишниот М.Ф., двајцата од Скопје.
Младиот мотоциклист починал на Клиника
Најтешко повреден бил 19-годишниот М.Ф., кој веднаш бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“. И покрај обидите на лекарите, тој починал кратко потоа.
Возачот на автомобилот е лишен од слобода
По наредба на јавен обвинител, возачот на автомобилот бил лишен од слобода. Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.
(Видео)Тешка несреќа на Пластичарска: мотоциклист тешко повреден по судир со автомобил
Се обезбедуваат докази за несреќата
Надлежните институции преземаат дејствија за целосно расчистување на случајот. Според објавените информации, се обезбедуваат и снимки од видео надзор, а истрагата треба да покаже како дошло до судирот и кој ја носи одговорноста за трагедијата.






One thought on “Трагичен епилог од сообраќајката на Пластичарска: 19-годишниот мотоциклист им подлегна на повредите, возачот е приведен”
Comments are closed.