MKinformer

your daily dose of news

Повторно смртна несреќа на градилиште во Скопје

11/07/2026 20:54

Работник од Куманово загина при пад од височина на градилиште во Скопје

Несреќата се случила во населбата Гази Баба

Педесет и двегодишен работник од Куманово го загубил животот при изведување градежни работи на објект во изградба во скопската населба Гази Баба, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите, несреќата била пријавена на 10 јули околу 14:05 часот, кога И.И. (52) паднал од височина додека работел на градилиштето.

Лекар констатирал смрт на местото

На местото на несреќата пристигнала екипа на Итната медицинска помош, при што лекар ја констатирал смртта на работникот.

Увид извршиле полициски службеници од СВР Скопје, а за случајот бил известен и трудов инспектор.

Се утврдуваат околностите

Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои дошло до несреќата и утврдување на евентуална одговорност.

error: Содржината е заштитена од копирање !!