ВЛЕН го прашува Таравари: Каде се 7 милиони евра?
23/07/2026 11:37
ВЛЕН бара одговорност од Таравари за проектот со водата во Гостивар
Коалицијата ВЛЕН упати остри критики кон поранешниот градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, обвинувајќи го дека не ги исполнил ветувањата поврзани со решавањето на проблемот со водоснабдувањето во градот и дека избегнува политичка одговорност.
Потсетуваат на неговите претходни изјави
Од ВЛЕН велат дека Таравари во минатото жестоко ја критикувал тогашната власт, обвинувајќи ја дека со негрижа ги загрозува граѓаните, додека подоцна, како градоначалник, уверувал дека проблемот со водата ќе биде решен „за следните 100 години“.
Според коалицијата, денес состојбата покажува дека ветувањата не биле реализирани.
Прашања за швајцарската донација
Во соопштението се наведува дека не биле изградени ниту двата резервоари за вода кои, според ВЛЕН, биле најавени во 2022 година како дел од проект финансиран со швајцарска донација.
„Прашањето е; Каде отидоа 7 милиони евра помош од Швајцарија?“
Воедно, од ВЛЕН прашуваат дали случајот со водоснабдувањето во Гостивар може да се спореди со, како што наведуваат, „случајот со канализацијата во Зајаз“.
Повик за отчетност
Од коалицијата оценуваат дека граѓаните очекуваат транспарентност, одговорност и целосно разјаснување на состојбата, особено кога станува збор за проекти поврзани со јавното здравје.
„ВЛЕН бара целосна одговорност за секој функционер кој не успеал да го заштити јавното здравје и бара целата вистина да излезе на виделина. Никој не може да се крие зад својата позиција, партија или молчење.“
Во соопштението се додава дека Арбен Таравари треба да даде одговори за реализацијата на проектите за водоснабдување и за средствата поврзани со нивната реализација.






