MKinformer

your daily dose of news

Повеќе улици во Ѓорче Петров утрово без вода поради дефект

29/07/2026 8:01

Повеќе улици во општина Ѓорче Петров утрово останаа без вода поради дефект на водоводната мрежа.

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека станува збор за уличен дефект на водоводна цевка со пречник од 200 милиметри, на улицата „Ѓорче Петров“, кај крстосницата со булеварот „Македонска Војска“.

Без вода повеќе улици

Со прекинато водоснабдување се корисниците од:

дел од улицата „Ѓорче Петров“
булевар „Македонска Војска“
„Виа Игнатиа“
„Мице Козар“
„Стоби“
„Александар Мутурков“
„Крсте Гермов-Шакир“
дел од улицата „Шидска“

Прекинот започна во 07:40 часот

Водоснабдувањето е прекинато од 07:40 часот.

Од јавното претпријатие не наведуваат точен термин за нормализирање на состојбата. Водата ќе биде пуштена по завршувањето на работните активности на дефектот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!